„Твоите жена и деца нема да знаат дека го јадат твоето месо": Случајот "Канибал" ја тресе Бугарија, Бојко Борисов на удар

Поранешниот премиер на Бугарија е повикан на сослушување.

Поранешниот бугарски премиер, Бојко Борисов, денеска изјавил дека министерот за внатрешни работи, Бојко Рашков, го повикал во полиција на сослушување. Како што јавуваат тамошните медиуми, тој го повикал бидејќи наводно му се заканувал на еден бугарски бизнисмен.

„Ме повика на сослушување во четврток", им рекол Борисов на новинарите, пишува бугарскиот портал "Новините".

Случајот датира од 2010-та година, кога Борисов бил на власт и кога анонимен сведок го обвинил Борисов дека му се заканувал со зборовите: "Твоите жена и деца нема да знаат дека го јадат твоето месо", поради што целиот случај е наречен "канибал".

Заменик министерот за внатрешни работи Рашков го повикал Борисов на сослушување иако Рашков како министер не може да го повика осомничениот на сослушување, туку тоа може да го направи само истражен службеник.

Рашков неодамна коментирал дека Борисов треба да биде испрашан по парламентарните избори.

Како што се наведува, Борисов му се заканувал на бизнисмен чие име не е обелоденето.

15.07.2021 - 08:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега