„Твоите жена и деца нема да знаат дека го јадат твоето месо“: Случајот „Канибал“ за што се товари Борисов

Поранешниот премиер Бојко Борисов утре треба да се појави на сослушување во полиција, откако претходно бил известен од министерот Бојко Рашков.

Станува збор за случај од 2010. година, време кога Борисов беше на власт. Анонимен сведок го обвинил Борисов дека му се заканил со зборовите: „Твоите жена и деца нема да знаат дека го јадат твоето месо", поради што целиот случај е наречен "канибал.

Заменик министерот за внатрешни работи Рашков го повикал Борисов на сослушување иако Рашков како министер не може да го повика осомничениот на сослушување, туку тоа може да го направи само истражен службеник.

Рашков неодамна коментирал дека Борисов треба да биде испрашан по парламентарните избори.

Како што се наведува, Борисов му се заканувал на бизнисмен чие име не е обелоденето.

14.07.2021 - 19:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега