Уапсен 22-годишен албански државјанин во Тетово

Синоќа во околу 20:50 часот во близина на крстосницата на улиците „107“ и „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Е.Н.(22) од Република Албанија, кој непријавено престојувал на подрачјето и кај кого биле пронајдени нож и метален боксирач, информира МВР.

Тој бил задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка и ќе му бидат изготвени поднесоци согласно Законот за странци и Законот за оружје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.10.2020 - 17:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега