Уапсен 26-годишен скопјанец во „Градиште“, полицијата вршела претрес во неговата приколка

26-годишниот Б.И. е уапсен вчера откако полицијата извршила претрес на неговата приколка во автокампот „Градиште“

-Вчера во периодот од 22.35 часот до 00.10 часот, врз основа на судска нредба, полициски службеници од СВР Охрид извршиле претрес во автокамп „Градиште“, во  приколка, сопственост на Б.И.(26) од Скопје. При претресот била пронајдена и одземена марихуана.  За време на претресот, во објектот биле уште четири лица од Скопје. Б.И. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, се вели во полицискиот билтен.

Против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.08.2020 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега