Уапсен 51 годишен охриѓанец - и испраќал недолични слики на малолетничка
Во Охрид полицијата уапси 51-годишен маж осомничен дека на социјални мрежи испраќал пораки и фотографии со недолична содржина на малолетничка.
Како што информира МВР, Т.Т. од Охрид во повеќе наврати од април годинава контактирал 17-годишно девојче преку апликација, при што испраќал експлицитни пораки и фотографии и барал од неа да му испраќа содржини со слична природа.
Со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом, каде полициските службеници пронашле и одзеле мобилен телефон и ловечка пушка „Застава“ со калибар 12 мм.
Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа