Уапсен маж на патот Средно Водно - Нерези

Две лица биле уапсени вчера на територијата на Скопје, откако кај нив полицијата нашла дрога.

„Вчера во 14:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на патот Средно Водно - Нерези го лишиле од слобода М.С.(35) од Куманово, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вечерта во 23:55 часот, полициски службеници од СВР Скопје во парк-шумата Гази Баба го лишиле од слобода К.В.(22) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.07.2020 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега