Уапсен припадник на германската разузнавачка служба поради сомневање за шпионирање во корист на Русија

 

Германското федерално јавно обвинителство денеска соопшти дека вработен во Федералната разузнавачка служба на земјата (БНД) е уапсен под обвинение за шпионирање за Русија.

Човекот идентификуван како Карстен Л. бил приведен вчера и е обвинет за предавање информации, вклучително и државни тајни, на руската разузнавачка служба. Полицијата како дел од случајот извршила претрес во неговиот стан и канцеларија, како и кај уште едно лице.

Претседателот на БНД, Бруно Кал, истакна дека агенцијата започнала истрага откако добила индиции за „можно предавство во сопствените редови“ и посочи дека случајот е „чувствителен“ бидејќи Русија се смета за „опасен противник“. 

22.12.2022 - 18:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега