Уапсен скопјанец- извршил четири кражби за помалу од еден месец

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.С.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил четири кривични дела „тешка кражба на дрзок начин“, при што се стекнал со противправна имотна корист од 52.000 денари.

Пријавениот ги извршил делата на идентичен начин во периодот од 18.11.2019 до 03.12.2019. Тој, со употреба на сила, од оштетените одземал златен накит кој го носеле на нив.

Првото дело го извршил на 18.11.2019 на ул.„11-ти Октомври“, а останатите три во близина на Камениот мост во Скопје на 28.11.2019, на 01.12.2019 и на 03.12.2019.

А.С. е приведен во полициска станица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.12.2019 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега