Уапсен скопјанец кој нападнал полицаец на должност

 

Маж нападнал полицаец изминатат ноќ во Скопје, информира МВР.

-Вчера во 21:45 часот на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 48-годишниот Д.М. од Скопје, бидејќи при сообраќајна контрола на патничко возило „киа“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот А.Ј. од Скопје, во кое сопатник бил Д.М., истиот физички нападнал полициски службеник. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок - соопшти полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2020 - 16:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега