Уапсена 26 годишна тетовка- од касата на фирмата во која работела украла 2600 евра

Денеска (8 јануари) околу 11часот и 30 минути, на улица „ЈНА“ во Тетово, лишена од слобода е 26-годишната тетовка Д.Ј.,поради основи на сомнение дека претходно извршила кражба во фирмата во која работела, при што  од касата одзела парични средства во вкупен износ од 2600 евра.

Таа е задржана во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот и ќе и биде изготвен соодветен поднесок.

Кражбата во продажниот салон на фирмата го пријавила одговорната на фирмата денеска околу 11 часот и 30 минути.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.01.2021 - 14:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега