Уапсени 30 лица кои не го почитувале полицискиот час во Македонија

 

Триесет лица биле уапсени на територијата на Македонија, бидејќи не го почитувале полицискиот час, информираат од МВР.

Одделението за внатрешни работи Кочани поднесе кривични пријави против Б.В.(42) од Кочани, Е.Б.(29) од Тетово, В.М.(23) од Кочани и А.Г.(27) од СР.Германија, со живеалиште во Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 22.03.2020 околу 22:15 часот, пријавените не се придржувале кон воведената забрана за движење во определениот временски интервал, поради што од полициски службеници при вршење на контрола биле лишени од слобода.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против В.С.(33) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020 во 00:20 часот, пријавениот не се придржувал кон воведената забрана за движење во определениот временски интервал, го напуштил својот дом и со патничко возило „голф“ се движел од ул.„Септемвриска“ кон ул.„8 Септември“ во Свети Николе. 

СВР Штип поднесе кривична пријава против М.С.(22) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 23.03.2020 во 22:05 часот, пријавената не се придржувала кон воведената забрана за движење во определениот временски интервал, поради што од страна на полициски службеници била лишена од слобода.

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.Т.(24) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 23.03.2020 во 22:05 часот, пријавениот не се придржувал кон воведената забрана за движење во определениот временски интервал, поради што од страна на полициски службеници при вршење на контрола бил лишен од слобода.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ќ.Д.(28) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 23.03.2020 во 22:00 часот, пријавениот не се придржувал кон воведената забрана за движење во определениот временски интервал, поради што од страна на полициски службеници при вршење на контрола бил лишен од слобода.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.Н.(21) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 23.03.2020 година во 22:00 часот, пријавениот не се придржувал кон воведената забрана за движење во определен временски интервал, поради што од полициски службеници при вршење на контрола бил лишен од слобода.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.А. (25) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 23.03.2020 во 22:00 часот, пријавениот не се придржувал кон воведената забрана за движење во определен временски интервал, поради што од полициски службеници при вршење на контрола бил лишен од слобода.

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.С.(41) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 23.03.2020 во 22:10 часот, пријавениот не се придржувал кон воведената забрана за движење во определен временски интервал, поради што од полициски службеници при вршење на контрола бил лишен од слобода.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.И.(34) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 23.03.2020 во 22:10 часот, пријавениот не се придржувал кон воведената забрана за движење во определен временски интервал, поради што од полициски службеници при вршење на контрола бил лишен од слобода.

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.М.(32) од с.Уларци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 23.03.2020 во 22:30 часот, пријавениот не се придржувал кон воведената забрана за движење во определен временски интервал, поради што од полициски службеници при вршење на контрола бил лишен од слобода.

Одделението за внатрешни работи Берово поднесе кривична пријава против В.К.(27) од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020 во 00:35 часот, пријавениот не се придржувал кон воведената забрана за движење во определен временски интервал, поради што од полициски службеници при вршење на контрола бил лишен од слобода.

Одделението за внатрешни работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.Б.(36) и Д.Г.(31), двајцата од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 23.03.2020 во 22:20 часот, пријавените не се придржувале кон воведената забрана за движење во определен временски интервал, поради што од полициски службеници при вршење на контрола биле лишени од слобода.

Одделението за внатрешни работи Кочани поднесе кривична пријава против Ж.М.(31), Б.А.(19) двајцата од с.Баница, струмичко, и Т.Н. (20) од с.Мојанци, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 23.03.2020 во 23:00 часот, пријавените не се придржувале кон воведената забрана за движење во определен временски интервал, поради што од полициски службеници при вршење на контрола биле лишени од слобода.

Одделението за внатрешни работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.П.(22), Б.И.(22), А.Н.(19), А.Н.(22), С.Ѓ.(19), В.М.(23), В.А.(16) и еден 17-годишник, сите од Неготино, и В.Н.(26) од с.Тработивиште, делчевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 23.03.2020 во 22:00 часот, пријавените не се придржувале кон воведената забрана за движење во определен временски интервал, поради што од полициски службеници при вршење на контрола биле лишени од слобода.

Одделението за внатрешни работи Кочани поднесе кривична пријава против Е.А.(19) и еден 17-годишник, и двајцата од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 24.03.2020 во 21.40 часот, пријавените не се придржувале кон воведената забрана за движење во определен временски интервал, поради што од полициски службеници при вршење на контрола биле лишени од слобода.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега