Уапсени 9 млади - во автомобилот во кој се возеле пронајдена поголема количина дрога

Девет млади лица се уапсени вчера вечер во Кичево откако во автомобилот со кој се возеле била пронајдена поголема количина дрога.

-Синоќа во 02.40 часот, во близина на автобуската станица во Кичево, при преглед на патничко возило „мерцедес“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.К.(21) од Скопје, пронајдени се и одземени четири ќеси со кокаин и една со марихуана. Тој, заедно со сопатниците В.А.(21), Д.Г.(20), Д.О.(20), М.Т.(19), А.Т.(19), М.Б.(20), Ф.К.(20) и А.Т.(20), сите од Скопје, се приведени во полициската станица во Кичево, велат од полицијата.

 По целосно документирање на случајот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.01.2021 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега