Уапсени четири лица за расистички навреди на англиските играчи

Британската полиција уапси четири лица за расистичка злоупотреба на Интернет насочена кон членови на англиската фудбалска репрезентација по поразот во финалето на Европското првенство, соопштија англиските агенции.

Специјална полициска единица истражува навредливи коментари на социјалните мрежи откако тројцата црномурести англиски фудбалери, Маркус Рашфорд, Јадон Санчо и Букајо Сака беа мета на расистичка злоупотреба по изведувањето на пенали во финалето.

„Ние работиме тесно со платформите што ни даваат информации што ни се потребни за унапредување на истрагата“, рече началникот на полицијата Марк Робертс.

„Ако откриеме дека стоите зад ова злосторство, ќе ве пронајдеме и ќе се соочите со сериозни последици од вашите срамни постапки“, додаде тој.

Вчера, полицијата во Манчестер потврди дека уапсила 37-годишен маж откако објавил пораки на омраза по натпреварот во неделата.

Британскиот премиер во средата потврди дека владата ќе го измени законот за да дозволи построги казни и забрана за доаѓање на натпревари поради расистички закани на социјалните мрежи.

МАКФАКС

15.07.2021 - 22:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа