Уапсени гости во кафеана во Градско – по дозволеното работно време нападнале полицајци

Две лица се уапсени откако физички нападнале полициски службеници во кафеана во Градско по завршување на дозволеното работно време за угостителските објекти.

-Вчера во 18.20 часот во Градско - Велес биле приведени З.Д.(46) од Градско и З.Ж.(38) од Кавадарци,бидејќи во угостителски објект агресивно се однесувале кон полициски службеник кој вршел службени дејствија. Имено, З.Ж. го спречувал полицискиот службеник во преземање на службени дејствија, а З.Д. физички го нападнал, велат од полицијата.

 По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.01.2021 - 15:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега