Уапсија 6- годишно девојче, плаче и моли да ја пуштат: „Не ми ставајте лисици ве молам“ (ВИДЕО)

Полицијата во Орландо во септември минатата година уапси шестгодишно девојче, а сега таа и нејзините родители открија детали за целиот случај во локален весник.

Каиа Рол, ученичка во прво одделение, удрила тројца работници во училиште поради што полицијата и ставила лисици.

„За што е ова?“ прашува девојчето, на што полицијата и одговара „за тебе“.

„Не, не ми ставајте лисици“ се слуша на видеото на кое девојчето плаче и моли полицијата да ја пушти, а тие ја водат кон службенот атомобил и ѝ велат да седе.

„Не сакам да одам со полициски автомобил„ вели девојчето, на што полицаецот вели „Мораш“.

На видеото не се гледа ниту еден училишен работник кој се обидува да го запре апсењето на шестгодишниот. Полицијата ја приведе и додаде дека ако е поголема, таа ќе носи вистински лисици. Следниот ден, судската постапка против девојчето беше отфрлена.

Нејзината баба Мералин Киркланд изјави дека се надева дека луѓето, откако ќе ги погледнат снимките, ќе поддржат предлог-закон според кој лицето кое уапси мора да има најмалку 12 години.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2020 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега