Убави вести од Италија: Бројот на заразените паѓа 4 дена по ред

Бројот на новозаразени со коронавирус во Италија паѓа веќе четврти ден по ред, што укажува на стабилизирање на кризата.

Размерите на епидемијата во Италија е најлоша во светот. Таму сега има 57,5 ​​илјади активни случаи.

Сепак, од рекордните 4.821 нови случаи во саботата, бројката е 3.957 во неделата, 3.780 во понеделникот, 3.612 во вторникот и 3.491 во средата.

„Очигледно сме во фаза на стабилизација на инфекцијата“, рече официјалниот претставник за цивилна заштита, Агостино Миоцо.

„Ако сакаме кривата на епидемијата да се стабилизира, а потоа да почнеме да паѓаме, апсолутно е суштинско да се одржи социјалната дистанца“, додаде тој.

Сепак, бројот на смртни случаи сè уште е голем. Вчера починале 683 лица, со што вкупниот број на жртви достигна 7.503.

Вкупно закрепнати се 9.362 лица, а бројот на пациенти на интензивна нега, кој внимателно се следи заради недостаток на кревети, денес е зголемен за само 2,9 проценти на 3.489 пациенти.

Епидемијата е концентрирана во Ломбардија, но сè повеќе постои загриженост дека ескалацијата може да се случи на југот, особено ако не се почитуваат строгите мерки.

„Следните десет дена тука ќе бидат пекол. Ние сме на работ на драматично ширење на заразата“, рече претседателот на регионот Кампанија, Виченцо де Лука.

Во Кампанија се наоѓа густо населениот Неапол. Градоначалникот на градот ја обвинува владата дека не успеала да обезбеди основна опрема како што се респиратори, маски и други медицински материјали потребни за да се избегне „трагедија“ во регионот.

Цела Италија е во карантин, што официјално истекува на 3 април, но дури и ако бројот на нови заразени продолжи да опаѓа, скоро никој не очекува дека наскоро ќе бидат укинати ригорозните мерки за движење.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега