Убави вести за состојбата на Неда Арнериќ

Српската актерка Неда Арнериќ по 40 дена излезе од болница. Таа е на домашно лекување, откако пред месец ипол беше итно пренесена во болница оти пробала да се самоубие. Нејзиниот брат тогаш ја пронашол онесвестена во нејзиниот стан, откако таа испила 20 таблети за смирување во комбинација со лекови за висок крвен притисок.

„Сè оди по својот тек. Неда е многу подобра, дома е веќе десетина дена и полека се враќа во рутина. Со блиските пријатели, кои исто така се нејзини колешки, таа веќе почна да зборува за враќање на сцената, па ако сè оди добро, наскоро ќе ја видиме во театар“, рекла пријателка на Неда за магазинот „Глорија“.

Глумицата, според медиумите, лани на крајот на годината падна во депресија, откако во средината на декември почина нејзиниот сопруг, д-р Милорад Мештеровиќ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.04.2019 - 18:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега