Убиецот на новинарката Викторија: Жал ми е, не сакав да ја убијам, не можам да верувам дека тоа го направив

 

Осомничениот за убиството на новинарката Викторија Маринова, Северин Красимиров (21) веднаш по екстрадицијата од Германија беше донесен на сослушување во судот во Русе, каде се случи бруталното убиство.

-Многу ми е жал. Не можам да поверувам дека сум направил нешто такво. Заслужувам секаква казна. Што и да добијам, па дури и доживотна казна ќе ја отслужам, изјави обвинетиот.

Тој додаде и дека редовно пие лекови, иако не знае против што. Неговиот адвокат побарал судењето да биде затворено за јавноста, но судот го одбил барањето.

Полицијата нашла негова ДНК на местото на убиството на новинарката Маринова, а во близина е најден закопан и неговиот мобилен.

Телото на 30-годишната новинарка беше пронајдено во парк во близина на реката Дунав во Русе.

Тој избегал во Германија кај мајка му, на која и признал дека ја убил новинарката, но дека бил дрогиран и пијан.

 

 

 

19.10.2018 - 21:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега