Убиен синот на поранешниот претседател на Германија - избоден за време на предавање

Синот на поранешниот претседател на Германија, Рихард фон Вајцзекер, Фриц, убиен бил вчера вечерта во една берлинска болница.

Тој бил избоден за време на предавање, кога според кажувањата на полицијата. бил нападнат од друг маж.

Полицаец, кој приватно дошол на овој настан, стоел меѓу напаѓачот и Вајцзекер и во таа прилика се здобил со тешки повреди.

Фриц фон Вајцзекер починал на лице место, а напаѓачот бил уапсен.

Повеќе лица од публиката помогнале полицијата да го запре напаѓачот.

Фриц фон Вајцзекер од 2005 година бил главен лекар на одделението за Интерна медицина во приватната клиника „Шлоспарк“ во која бил убиен.

Во таа болница се одржуваат редовно предавања наменети за лицата кои немаат врска со медицината, а сакаат да дознаат нешто за заболувањата, дијагнозата и терапиите.

Фон Вајцзекер зборувал на тема проблеми со црниот дроб.

Таткото на жртвата, Рихард фон Вајцзекер, од 1981 до 1984 година беше градоначалник на Берлин, а потоа од 1984 до 1994 година претседател на Германија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.11.2019 - 07:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега