Убиени браќата Куаши, одговорни за масакрот во „Шарли ебдо“

Специјални сили на француската полиција вечерва во селото Дамартан-ан-Гоел ги ликвидираа браќата Шериф и Саид Куаши, одговорни за завчерашниот напад врз весникот „Шарли Ебдо“ во кој загинаа 12 луѓе.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, браќата се убиени во акција на специјалците во печатница во која беа забарикадирани од изутринава, додека нивниот заложник е жив.

Акцијата во Данартан ен Гуел почна нешто пред 17 часот, траеше кусо со интензивни истрели и ексползии. Хеликоптер на цивилната заштита се спушти на местото, наверојатно за да им помогне на евентуалните ранети.

Во исто време, полицијата соопшти дека е убиен и терористот-грабнувач кој држеше повеќе заложници во самопослуга на излезот од Париз во квартот Порт де Вансан.

Од реонот се слушнаа четири детонации и педестина рафални истрели. 

При акцијата се ослободени заложниците во сипемракетот. Нивниот број е десетина, многу повеќе од колку што се претпоставуваше.

 

 

Оцени ја веста

09.01.2015 - 17:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега