Учениците кои бојкотираа против дигитализација добиле намалено поведение?

Ученици во некои училишта добиле намалено поведение поради бојкот на наставата поради најавената дигитализација на учениците. Ова денеска го соопшти организацијата „Средношколски глас“, но и претставникот на Иницијативата „Ученици и настава мора да има“.

-Добиваме информации од страна на нашите соученици и родителите дека ни е намалено поведението затоа што бојкотиравме. Ова е срамно и за секаква осуда. Ние нема да премолчима. Заедно со нашите родители ќе се бориме до крај, се вели во објавата на „Средношколски глас“.

Слична објава во групата „Учебници и настава мора да има“ на Фејсбук облави и Драгана Спасевска.

-Добивме известувања од повеќе родители дека на децата им е намалено поведението поради бојкотот. Јавно ве замолувам и ве охрабрувам сите вие кои се соочувате со овој проблем и да побарате писмено изјаснување од страна на училиштето со образложение по кој основ е намалено поведението наученикот. Кога ќе имате писмено изјаснување вие ќе можете да пуштите преставка до Народниот правобранител и да побараме помош! Не се плашете да делувате за доброто на вашите деца, напиша таа во групата.

 

12.06.2021 - 15:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега