Удри земјотрес додека даваше изјава: Погледнете ја реакцијата на премиерката на Нов Зеланд (ВИДЕО)

Премиерката на Нов Зеланд воодушеви со нејзината мирна реакција на земјотресот со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала што утринава ја погоди земјата.

 

Имено, премиерката Џасинда Ардерн била на прес -конференција во Велингтон кога се почувствувал силен земјотрес.

Како што може да се види на видеото, кога земјата почна да се тресе, премиерката Ардерн се фати за подиумот.Кога сфатила за што станува збор, се обратила кај новинар кој и поставил прашање во моментот на земјотресот.

"Извинете, мала непријатност. Можете ли да го повторите прашањето?" рекла Џасинда со насмевка на лицето.

 

22.10.2021 - 23:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега