Удрил во паркирани автомобили - скопјанец заврши во Градска

Мотоциклист се здобил со тешки повреди во сообраќајна несреќа која се случила во Скопје.

„На 30.04.2021 во 21:10 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„Никола Киров Мајски“, мотоцикл „јамаха“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.К.(40) од Скопје, удрил во две паркирани патнички возила „сеат алтеа“, и двете со скопски регистарски ознаки, едното сопственост на Д.Ѓ.(35) од Скопје, а другото сопственост на Г.С.(42) од Скопје. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје“, информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.05.2021 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа