УХМР со најнова прогноза: Еве какво ќе биде времето за викенд


Времето утре сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне и во текот на ноќта облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 26 степени, соопшти УХМР.

Наредните денови продолжува периодот на претежно сончево и релативно топло време со појава на повремена умерена облачност. Утре и во сабота ќе дува слаб до умерен, а во недела долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

04.04.2024 - 15:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега