УЈП ја објави листата со најголеимте должници во Македонија

 

Управата за јавни приходи ја објави најновата листа на должници брoj седум, за долгови доспеани до 31 март и неплатени до 30 јуни по основ на данок на додадена вредност (ДДВ), данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На листата на должници објавени се 2.069 правни лица и 1.812 физички лица. Вкупно објавениот нето-долг изнесува околу 164 милиони евра, што е повеќе за 1,5 милиони евра од претходната листа.

На листата се најдоа и голем број јавни претрпијатија и државни компании помеѓу кои „Македонија пат“ (383 милиони денари), „Еурокомпозит“ (129 милиони денари), „Македонската радио телевизија“ (101 милион денари), „МЖ-инфраструктура“ (36 милиони денари), Општина Карпош (32 милиони денари).

 

 

 

12.07.2018 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега