Укината е забраната за сообраќај на патниот правец Дебар – Маврово

Забраната за сообраќај на патниот правец Дебар – Маврово, во близина на селото Долно Косоврасти, која беше воведена утрово во 8 часот е укината, јави дописникот на МИА.

Со максимална ангажираност на вработените во дебарската секција на ЈП за одржување магистрални и регионални патишта, оспособен е помошен пат и според раководителот на секцијата, Деар Лиманоски, возилата непречено се движат.

– Прекинот во сообраќајот од 8 часот беше како последица на појава на кратер, пропадната дупка на коловозот со длабочина од 20 и широчина од 5 метри. Продолжуваме со пополнување на кратерот  со песок. Поради тоа до 12 часот сообраќајот беше пренасочен преку Струга, изјави Лиманоски за МИА.

16.10.2021 - 13:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега