Умирал во ужасни маки пред него - Пријателот на Гру раскажа што се случило

Славниот српски рапер Далибор Андонов Гру почина во страшна несреќа на вода додека уживаше во екстремен спорт, а неговите пријатели кои во моментот на трагдијата биле со него уште не можат да се опорават од шокот и тагата.

- „На почетокот се беше прекрасно, фативме малку ветер, се забавуваме. Беше се во ред, возевме два до три часа. Потоа немаше ветер и се беше во ред. Сакавме да влеземе во чамец, Гру ми рече земете ми ја даската зошто остана 15 метри од него. Тргнавме со чамецот. Дојде нов удар на ветер и тој налет го однесе со брзина од 70 километри на час. не можевме да го стигнеме", вели неговиот пријател Алекс кој бил со него во моментот на кобната несреќа.

Тргнале по него но не успеале да го спасат, се се одвивало во 20 секунди.

- „20 секунди ветерот го удираше во водата и го креваше во воздух 2-3 пати. Леташе меѓу 300 и 500 метри. Го ставивме во чамец кога го стигнавме, бидејќи е потежок човек ни требаше малку време. Ни требаа две минути. Одевме кон обалата најбрзо што можевме и се обидовме да го реанимираме", вели тој

Му правеле масажа на срцето па ја чекале Итната помош. Тие само констатирале смрт.

- „ Ни рекоа дека смртта настанала со тие неколку удари во водата. Не ни мислевме дека ќе се случи вакво нешто", додава пријателот кој е скршен.

Гру ќе биде погребан во четврток во 14 часот и 30 минути, а зад себе остави сопруга и два малолетни сина.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.09.2019 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега