Унгарија ќе започне да ја произведува руската вакцина против коронавирусот

Унгарија започнала со изградба на фабрика за производство на руската вакцина против коронавирусот. Се претпоставува дека изградбата на фабриката ќе заврши наесен следната година.

Ова го пренесе РИА Новости, а го изјавил унгарскиот министер за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто. Тој потенцирал дека изградбата на фабриката ќе придонесе за постигнување на глобална цел за одржливо снабдување со вакцини против Ковид-19.

– Руската вакцина се покажа како многу добра, особено ако се погледне бројот на заразени по вакцинацијата.Нивото на заштита е екстремно високо, руската вакцина работи многу добро – рече Сијарто.

24.09.2021 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега