Ураганот донесе ајкули во Мајами?

Се почна минатата недела со објавување на лажна мапа за движењето на ураганот, а продолжи со лажни снимки и фотографии од поплавени делови на Мајами, аеродромот до фотомонтажа на која ајкули пливаат по улици.

На социјалните мрежи се појавија голем број неточни информации за ураганот Ирма, кој го погоди брегот на САД.

 

Ден Сковино, еден од претставниците за односи за јавност на Белата куќа објави твит со снимки и фотографии од поплавен аеродром во Мајами. Аеродромот го демантираше Сковино, наведувајќи дека фотографијата е стара неколку недели.

Всушност на нив е прикажана реката Мајами, а не поплавени улици.

На социјалните мрежи се појавија и фотографии на кои се гледа како океанот „го проголтува” целиот град. Националната метеоролошка служба на САД на 1. септември ги предупреди граѓаните да внимаваат, бидејќи се појавиле и лажни прогнози.

Тогаш се појави мапа на која се тврдеше дека Ирма откако ќе помине низ Мексико и ќе го погоди Хјустон.

Една од најпопуларните фотомонтажи е ајкула која плива низ поплавените улици на Мајами. Речиси е сигурно дека е фотомонтажа, бидејќи сличен твит беше објавен и за време на ураганот Харви.

 

 

 

 

12.09.2017 - 09:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега