Урнати куќи, има и повредени - Земјотрес од 6 степени во Турција
Силен земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди западна Турција, а повредени се 23 лица и оштетени се повеќе домови.
Епицентарот бил во градот Бозкурт во провинцијата Денизли, соопштија властите.
Земјотресот се случи во 14:25 часот по локално време. 23 лица побарале лекарска помош или биле хоспитализирани по земјотресот.
Градоначалничката на Бозкурт, Бирсен Стил изјави дека во земјотресот биле урнати неколку куќи, а голем број се оштетени.
08.08.2019 - 18:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа