Усеин: Ромите потешко се справуваат со Ковид -19, но заедно ќе победиме

 На Ромите од регионот на Западен Балкан им е потешко да се справуваат со болеста предизвикана од коронавирусот, но тие ги почитуваат препораките и сите заедно обединети, на крај ќе победиме, порача Орхан Усеин, од Регионалниот совет за соработка, одговорен за проектот за интеграција на Ромите.

Честитајќи го меѓународниот ден на Ромите 8 Април, Усеин наведе дел од тешкотиите со кои се среќаваат Ромите во регионот, меѓу кои се пристап до вода, храна, образование, интернет и други.

-Освен постоечките проблеми како што се немање пристап до чиста вода, електрична енергија, условите за извршување секојдневни услуги за остварување на приходи се ограничени или целосно оневозможени, голем број Роми работат непријавени, собирајќи секундарни сировини, сезонски работи. А со ограничувањата од владите, им е отежнато да им овозможат на своите семејства храна, вода, средства за хигиена, како и да платат сметки, вели Усеин.

Покрај тоа, прекинато е образованието а наставните планови се префрлени на интернет или државните телевизии, што претставува дополнително оптоварување за младите Роми кои имаат ограничени средства за следење на наставата.

-Со ограничен пристап до интернет доаѓа и од ограничен пристап до информации и неинформираност за најновите одлуки на властите што се однесуваат и до нив, истакнува Усеин.

Тој вели дека Ромите како и сите други граѓани се придржуваат до мерките и разбираат дека кога една личност е загрозена, во опасност е и целиот регион.

-Сите заедно сме во оваа невоља и на крајот заедно и ќе победиме, потенцира Усеин на крајот од честитката.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2020 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега