Уште еден мртов војник пронајден кај Загреб: Четврто тело за еден месец

На подрачјето на Загреб пронајдено е тело на припадник на Вооружените сили на Република Хрватска, соопшти денеска тамошното Министерство за одбрана, додавајќи дека настрадал надвор од работното време.

Увидот е во тек, а службите ги утврдуваат околностите на несреќата.

За нешто повеќе од еден месец пронајдени се уште тројца мртви војници, еден на подрачјето Бјеловар, вториот кај Загреб и третиот кај Вараждин. Телата на првите двајца  војници се пронајдени за два дена, јавува хрватски Индекс.

16.07.2021 - 19:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега