Уште една елка ќе засвети на плоштадот во Скопје пред Нова година

Откако беше ставена елка на плоштадот во Скопје која не е до крај украсена, нема ниту врв и плус елката е крива, градскитен служби решиле да стават уште една елка со која ќе пробаат дополнително да го разубавеат плоштадот на главниот град. Погледнете како изгледа новата елка која од утрово е ставена на плоштадот.

Кривата елка која претходно беше поставена привлече голем број на туристи кои масовно доаѓаат за да се фотографираат со елката. Медиумите од регионот пишуваат за новогодишната атмосфера во Скопје.

Традиционално, пред започнувањето на празниците, градовите се натпреваруваат во тоа кој град ќе има нај убава декорација за новогодишното украсување.

Оваа година сите други градови беа побрзи од главниот град во однос на украсувањето за Нова година. 

20.12.2023 - 08:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега