Уште една пејачка ќе земе снаа од истата куќа: Сестрата на Богдана во тајна врска со млад пејач чија мајка е популарна

Српските медиуми никако да престанат да пишуваат за наводната врска помеѓу синот на Лепа Брена, Стефан Живојиновиќ и сестрата на Богдана Родиќ која веќе е сопруга на синот на Цеца.

-Се запознале уште минатата зима на Копаоник кога Бојана Родиќ му фрлила око на Стефан и го направила првиот чекор. Тогаш си размениле и броеви и започнале да се допишуваат и истото траело подолго време. Дури по неколку месеци двајцата излегле, а од тогаш и се заедно вели близок извор до Стефан и Бојана.

Изворот додава дека таа поради Стефан повеќе време поминува во Белград.

Освен тоа таа не го запоставила ниту семејниот бизнис па често со комбе разнесува пилиња од Титл до пазарот во Борчи.

Стефан дури добил и покана за свадбата на Богдана и Вељко, но тој во истиот период бил во Америка со што не присуствувал на свадбата на деценијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.12.2019 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега