Уште една жртва на поплавите во Грција, најдено тело во морето (ВИДЕО)

Со тоа , бројот на жртвите од невремето се искачи на осуммина.

Меѓу жртвите на поплавите е и една постара двојка кои се удавиле во нивната поплавена куќа, како и осуммесечно бебе, кое било пронајдено во приземје од поплавена куќа.

Во делови од островот Евија 80% од годишната количина на дожд паднала за неколку часа во текот на ноќта меѓу сабота и недела, соопшти Метеоролошката служба.

Планинската река што едвај тече летово, поплави дел од селото Политици, принудувајќи голем број жители да се качат на покривите за да се спасат.

Властите проценија дека 3.000 куќи биле делумно или целосно уништени во ова и неколку други сиромашни села, а полицијата соопшти дека многу локални патишта се непроодни.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска изврши увид на погодената област од хеликоптер,а потоа се состана со локалните жители и вети итна помош.

Истата област претрпе поплави во 2009 година, велат жителите, но оттогаш не се преземени мерки за да се спречи.

Опозицијата денес изјави дека владата е виновна за последиците од поплавата, бидејќи Метеоролошката служба во сабота, неколку часа пред невремето, на државните органи им дала итно и прецизно предупредување за пороен дожд, но надлежните не постапиле во согласност со планот за заштита.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.08.2020 - 20:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа