Уште тројца наставници и 13 ученици во изолација поради првоодделенец со коронавирус во Кавадарци

 

Уште тројца наставници и 13 ученици се во изолација поради првоодделенец со коронавирус во Кавадарци, а спроведени се и анкети и дезинфекција, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Во последните 24 часа потврдени се 12 нови случаи во Тиквешко, 10 во Кавадарци и 2 во Росоман. Тие се на возраст од 6 до 72 години. Две лица на 51 и 53 години се хоспитализирани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.10.2020 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега