Уставен суд го укина мораториумот за градење во Центар

Уставниот суд донесе одлука да се укине забраната за градба на територијата на Општина Центар, пренесува Фактор. Ова значи укинување на мораториумот за градба во Центар за кој градежните компании има многу забелешки, кој беше донесен во декември 2017 година кога беше запрена реализацијата на деталните урбанистички планови на териоторија на општината. 

„Уставниот суд ја укина Одлуката за начинот на применување на деталните урбанистички планови донесена од Советот на Општина Центар на 27 март 2019 година и го стави вон сила Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на актот, означен во точката 1 од оваа одлука“, се вели во соопштението на Уставен суд.

Одлуката за мораториум на градежните активности на територијата на Општина Центар ја донесе Советот на 27 декември 2017, кога беше запрена реализацијата на 31 детален план.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2021 - 08:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега