Утре без вода две улици во Кисела Вода
Поради реконструкција на водоводна мрежа од Ф-100 на ул.„Георги Димитров“ бб наспроти Т.Ц. во населба Кисела Вода, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.„Георги Димитров“ и „Вера Јоциќ“.
Од РЦУК Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до санирање на дефектот.
26.08.2020 - 17:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа