Утре бугарските надлежни служби ќе ги преземат ДНК анализите од Јовески

Утре бугарските надлежни служби од Јавниот обвинител Јовески, ќе ги преземат ДНК анализите на роднините на починатите кои загинаа во фаталната несреќа во Бугарија, извести Јавното обвинителство.

„Бисер Јорданов Михајлов, заменик окружен јавен обвинител на Окружното јавно обвинителство Перник и Младен Христов Петров, истражител во Националната истражна служба на Република Бугарија од Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески ќе ги преземат материјалите поврзани со истрагата и со идентификацијата на жртвите во тешката автобуска несреќа во Република Бугарија. Настанот ќе се одржи во 11 часот, во просториите на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Го покануваме Вашиот медиум да присуствува“, се вели во писменото соопштение испратено, доцна вечерва до медиумите. 

26.11.2021 - 23:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега