Утре и во среда не излегувајте без чадор, од четврток УХМР најавува пресврт

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, соопшти УХМР.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец.
Во среда во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Потоа ќе преовладува претежно стабилно време, а дневните температури ќе бидат без значителни промени.
09.06.2025 - 20:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа