Утре и за време на викендот екстремни вредности - не излегувајте на сонце

 

Продолжува периодот на претежно стабилно и топло време, односно времето и понатаму ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност додека за време на викендот ќе засилува ветерот од северен правец.

Особено на планинските места ќе има услови за локален краткотраен дожд проследен со ретки грмежи.

Максимумот на температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.

УВ индексот денес и утре (петок) ќе изнесува 9 додека за време на викендот ќе има eкстремна вредност и ќе изнесува од 10 до 11.

 

 

 

 

12.07.2018 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега