Утре ќе се знае колку ќе поскапи парното

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска ќе го разгледува барањето на БЕГ, а утре се очекува да соопшти колку ќе поскапи парното.

Според претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, ќе се бара начин да нема драстично зголемување на цената. Тоа, смета Бислимовски, не е опција, зашто корисниците на парно ќе се исклучат од системот и за греење ќе почнат да користат електрична енергија.

Бислимовски соопшти дека се во тек консултации со Владата, но воедно апелира до Град Скопје и сите општини на ниво на Градот, да бидат солидарни и да излезат во пресрет за најбезболно решавање на проблемот. Ако е потребно, дополни, локалната самоуправа треба да обезбеди и субвенции за потрошувачите за да се избегнат ценовниоте шокови.

-Повикувам на солидарност на сите чинители. Набавната цена на природниот гас во делот каде купува БЕГ по цена на берзи е околу 1480 долари за метар кубен. Ова е набавка за јануари и е за речиси шест пати повисоко од просекот во 2021 година кога изнесуваше 240 долари за метар кубен. За тоа, БЕГ вчера достави барање и ние денеска ќе го разгедуваме. Тоа што го мислев за електричната енергија, го мислам и за топлинската – дека драстично поскапување на парното не е решение зашто голем број потрошувачи ќе се исклучат од системот и ќе почнат да користат електрична енергија за греење. Во комуникација сме со Владата и мислам дека ќе наидеме на разбирање, но го повикувам и одговорните во Град Скопје и општините во Градот активно да се вклучат и ако е потребно да обезбедат соодветни субвенции за потрошувачите Очекувам да излезат во пресрет. Утре ќе ве информираме што може да се очекува за цената на топлинската енргија, истакна Бислимовски.

30.12.2021 - 16:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега