Утре ќе заседаваат највисоките органи на СДСМ - ќе дојде ли оставката на Заев на дневен ред?

Утре ќе заседаваат највисоките партиски органи на Социјалдемократскиот сојуз, објави Фокус, а од партијата најавуваат дека во 18 часот е закажана седница на Извршниот одбор, додека пак во 20 часот ќе заседава Централниот одбор.


Сепак, од партијата не се открива дали ќе биде разгледана оставката на Зоран Заев од лидерската позиција, додека пак на прашањето околу тоа што ќе биде на дневен ред на Централниот одбор, од СДСМ кусо одговориле дека тоа ќе биде „актуелната политичка ситуација“.


Инаку, според Статутот на СДСМ, Централниот одбор распишува вонредни избори за претседател, во случај актуелниот претседател да поднесе оставка.

08.11.2021 - 21:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега