Утре нè очекува сончево и топло време, а задутре дожд и грмежи

 

Утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена, а попладне на места со зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен, на места повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната од 32 до 39 степени. УВ=8.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Во недела ќе дува засилен североисточен ветер што ќе предизвика благо опаѓање на дневната температура. Од недела во попладневните и вечерните часови ќе има развој на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

05.08.2022 - 17:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега