Утре протести за „Монструм“: Затворени повеќе клучни улици - испланирајте си го движењето
Министерството за внатрешни работи соопшти дека утре поради најавен протест, од 13 часот затворени за сообраќај ќе бидат улиците: „Христијан Тодоровски-Карпош“, „Џон Кенеди“, „Цветан Димов“, булеварите „Крсте Мисирков“ и „ Гоце Делчев“, улиците „11-ти Октомври“ и „Васил Главинов“, булеварите „ВМРО“ и „Илинден“ и други околни сообраќајници. Улиците ќе бидат затворени за сообраќај се до завршување на протестот.
Од МВР информираат дека протестот е најавен за 13 часот, а ќе почне во парк Чаир на булевар „Христијан Тодоровски-Карпош“, а ќе продолжи кон Основен суд Скопје 1, на бул. „Гоце Делчев“, Собранието на ул. „11-ти Октомври“ и Владата на булевар „Илинден“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа