Утринава магла, а попладне облаци- УХМР со информации какво време не очекува

 

Времето претпладне ќе биде облачно, по котлините магливо, а попладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните јужни делови ќе има услови за слаб дожд. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8 степени, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.

Во Скопје претпладне времето ќе биде облачно и магливо, а попладне променливо облачно. Минималната температура ќе достигне до 7 степени, а максималната до 17 степени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.10.2020 - 07:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега