Утринава мраз и минусни температури- метеоролозите со информации какво време не очекува наредните денови

 Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се движи од -9 до 1, а максималната од 4 до 11 степени.

Во Скопје слично време со утринска температура до -8 и дневна до 7 степени.

Во следните денови се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Утринските и дневните температури ќе бидат во пораст.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.12.2020 - 08:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега