Ужас: Ја избодел сопругата пред очите на нивната 5-годишна ќерка


Во Рим е уапсен маж откако ја избодел сопругата до смрт пред очите на нивната петгодишна ќерка.

Жртвата, 37-годишна Кинеска, била пронајдена мртва на креветот. Во станот во моментот на злосторството била и нејзината ќерка (5), јавуваат италијанските медиуми.

Жената била прободена со нож во пределот на стомакот и не можела да се спаси. Соседот кој ја слушнал како вреска повикал полиција.

Откако ја убил жената, мажот го напуштил станот, а полицијата го уапсила на улица.

18.03.2024 - 11:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега