Ужас во Босна: Син ја силувал мајката

Жителите на Илијаш во БиХ се потресени откако полицијата го уапси А.Р. по потекло од Сребреница осомничен за силување на својата 83-годишна мајка.

Полицијата добила пријава за случајот и веднаш реагирала и го уапсила осомничениот. Врз телото на несреќната жена по прегледите констатирани се бројни повреди, пренесуваат медиумите.
 

Осомничениот е задржан во притвор во траење од еден месец.

Тој треба да излезе пред суд и да се изјасни за обвинението со кое се товари. Во меѓувреме побарано е и психијатриско вештачење за него.

Старицата раскажала во полиција за немилиот настан кој се случил меѓу 3-4 април кога нејзиниот син влегол во нивната семејна куќа во Илијаш во која живееле заедно. Ја повикал во спалната соба за да разговараат за нешто.

Наводно, ѝ рекол дека треба да живеат како маж и жена и дека тоа „ниту црната земја не смее да го знае“.

Исплашената старица одбила да оди во собата, но блудниот син ја зел и да однел во брачниот кревет во нејзината соба.

– Ајде, соблекувај се, и наредил тој, а таа одбила да го направи тоа.

Бидејќи бил посилен од својата 30 години постара мајка, почнал грубо да ја допира по градите, а вознемирената и расплакана жена го молела да престане и го туркала од себе.

07.07.2021 - 18:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа