Ужас во Нови Сад: Деца на возраст од 1 и 3 години најдени мртви во домот, постои сомнеж дека родителите ги убиле

Полицијата пронашла тела на две деца на возраст од 1 и 3 години, кои според првичните информации биле убиени од страна на нивните родители кои синоќа по двојното убиство извршиле двојно самоубиство скокајќи од солитер во Нови Сад.

Портпаролот на ПУ Нови Сад потврди за „Нова.рс“ дека полицијата пронашла безживотни тела на две деца на адресата на којашто живеел брачниот пар кој извршил самоубиство.

Двојното самоубиство кое синоќа го потресе Нови Сад го извршил млад брачен пар кој, како што се наведува, живеел во куќа во Петроварадин.

Се работи за М.П.С.(23), како и мажот Л.П.S. (21).

Телата на младиот човек и девојката се испратени во Институтот за судска медицина.

 
03.03.2024 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега